top of page

Со овој магичен пијалак за чистење на цревата, ќе изгубите 3 килограми за една недела

  • rubinirubin
  • Jan 26, 2022
  • 1 min read

Главната состојка на овој пијалак се сливите, кои се одличен извор на витамини Ц, А и К. Ако имате проблеми со надуеност, запек, забавен метаболизам и ви е тешко да изгубите тежина, дури и кога сте на диета, овој природен пијалак може да ви помогне. Особено е ефикасен кај луѓе кои страдаат од запек, а неговите природни состојки го забрзуваат метаболизмот. Главната состојка на овој пијалак се сливите, кои се одличен извор на витамини Ц, А и К, и содржат рибофлавин, ниацин и други витамини од Б-комплексот. Исто така, тие се богати со растителни влакна, кои позитивно влијаат на функцијата на дигестивниот тракт, го чистат телото и поттикнуваат излачување на токсини. Тие се одлични и за чистење на цревата и подобрување на варењето. Кога ќе измешате сливи со следниве состојки, ќе добиете одличен пијалак за слабеење, кој е најдобро да го конзумирате пред појадок: Состојки: 5 до 7 сливи 1 чаша кефир или нискомастен јогурт 1 лажица масло од ленено семе 2 лажици овесни снегулки 1 лажичка какао во прав Подготовка: Пијалакот се подготвува навечер, а се пие наутро. Оставете ги сливите да стојат во вода најмалку 30 минути. Истурете ги кефирот, овесот, лененото масло и какаото во блендер. Исчистете ги и исецкајте ги сливите што стоеле во водата, а потоа додајте ги во блендерот со останатите состојки. Мешајте додека не добиете еднолична смеса и оставете го пијалакот преку ноќ во фрижидер. Пијте го пијалакот наутро пред појадок.



Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page