top of page

Со овие намирници од салатите правите масни калориски бомби


Здравите оброци се претвораат во масни калориски бомби.

За време на диета, салатите се храна која најмногу се користи. Тие се подготвуваат едноставно, не им треба сериозна термичка обработка, а и лесни се за варење. Покрај тоа, се сметаат за диетални, што ги прави добар избор за многу луѓе кои сакаат да живеат здраво или да ослабат.

Треба да се има на ум дека не секоја салата е диетална. Ако ставите во чинија домати, рукола, ајсберг и друг зеленчук сигурно салатата ќе ви биде нискокалорична и корисна. Но, ако додадете некоја друга состојка, ризикувате да го претворите вашиот специјалитет во калорична бомба.

Овие состојки никогаш не треба да ги додавате во салати, но ни во други јадења ако сакате тенка линија.

1. Пченка

Еден од најлесните начини да го намалите внесот на калории и јаглени хидрати е да престанете да додавате пченка насекаде.

2. Павлака

Павлаката е исто така многу калорична. Бидете сигурни дека ако ја додаде во салата таа веќе нема да биде диетална и лесна, а јадењето ќе биде многу мрсно.

3. Кротони

Ако се обидувате да го намалите внесот на тестенини, никогаш немојте да јадете оброк со кротони. Тоа е како да јадете 1-2 парчиња леб.

4. Солени јаткасти плодови

Сирови ореви и семиња се здрав додаток, но печени јаткасти плодови во кои има сол се нешто друго. Тие ниту се корисни, ниту диетални.

5. Сланина

Дали мислите дека вашиот оброк ќе биде диетален кога во него ќе додадете масна свинска сланина?

6. Сос од мајонез

Сосот од мајонез е тежок и многу калоричен. Со неговите калории може да ги надмине сите здрави состојки во оброкот.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page