top of page

Сочна запечена боранија со кашкавал на која ѝ нема мана!

  • rubinirubin
  • Dec 2, 2022
  • 1 min read

За многу домаќинки боранијата е вообичаен избор кога станува збор за подготовка на ручек, бидејќи не само што е лесен за подготовка, туку е и здрав оброк, со додаток на зеленчук. Сепак, иако обично го подготвуваме во динстана варијанта, и печената варијанта е многу вкусна и хранлива, а ќе им се допадне на оние кои не се љубители на зготвениот грав…

Состојки:

450 гр боранија250 гр пилешко бело месо2 јајца150 гр сирење300 гр кисела павлакаглава на кромидлукморковзачини

Подготовка:

Кромидот ситно се сечка, па се пржи во тавче со масло. Истурете ги сечканиот морков и лукот (2-3 чешниња), потоа динстајте и по неколку минути и додадете ја боранијата. Зачинете.

Посебно пропржете го пилешкото, па додадете го во боранијата. Потоа истурете сè во огноотпорен сад или плех.

Измешајте ги јајцата и павлаката, па прелијте со боранијата. Над боранијата изрендајте го сирењето.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page