top of page

Сочна, вкусна, полна со ароматичен фил: Направете неодолива пита полнета со димен батак

  • rubinirubin
  • Nov 14, 2022
  • 1 min read

Љубителите на буреки, пити и колачи ќе бидат целосно воодушевени од овој прекрасен рецепт, особено од чадениот фил од батак, кој му дава посебна арома.

Состојки за тесто:

600 гр брашно300 мл водапрстофат солмаст за обложување

Состојки за филот:

150 гр мајонез150 гр сирење200 гр чаден батак

Подготовка:

Замесете тесто и поделете го на 4 јуфки и секоја јуфка премачкајте ја со многу маснотии. Покријте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер преку ноќ. Мајонезот и ренданото сирење измешајте ги со батакот што ќе го исечете на потенки ленти. Секоја јуфка премачкајте ја со прсти во тенка кора и ставете од филот, виткајте и печете на 200 степени околу 15 минути.

Ако сакате голема пита, не мора да ги одделувате деловите. Посипете со ким, сусам, а потоа декорирајте.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page