top of page

Сочна, блага и богата штрудла со тиква и цимет која им успева на сите

Има многу начини како да ја искористите тиквата во кујната – таа е идеална состојка за многу јадења, од солена до слатка, одлична е во супа, но сепак најубава како сочен фил во колачи!

Иако правењето штрудла понекогаш може да изгледа како многу работа, оваа верзија ќе ви се допадне бидејќи е брза, а резултатот е десерт за паметење.


Состојки:

За кората:

600 грама брашнополовина коцка квасец350 милилитри топла вода6 лажици масло3 лажици шеќерпрстофат сол

За полнење:

1,5 килограми тиква3 лажици презла300 грама шеќерцимет по вкус

За посипување:

шеќер во прав по вкус

Подготовка:

Тиквата убаво измијте ја, исчистете ја и изрендајте ја што поситно. Потоа додадете околу 150 грама шеќер и ставете го на тивок оган, така што тиквата го ослободува сокот додека шеќерот се раствора. Потоа промешајте, додадете го преостанатиот шеќер и оставете го да се растопи со повремено мешање. Извадете и оставете да се излади, па додадете цимет и презла, повторно измешајте и оставете го на страна.

Во сад издробете една коцка квасец, истурете шеќер и малку топла вода и добро промешајте, па оставете го пет минути да се „активира“. Потоа додадете брашно, масло, вода и сол, па месете додека не добиете еластично тесто. Додадете брашно по потреба.

Потоа поделете на три дела за да добиете три штрудли.Со сукало расукајте ги парчињата да не биде многу тенко, не повеќе од 4 милиметри, па размачкајте го филот од тиква. Завиткајте и печете околу 50 минути, во рерна загреана на 180 степени.

Откако ќе се испече, оставете ја штрудлата да се излади, па посипете со шеќер во прав и исечете.

 

Comentarios


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page