Совршен чоколаден десерт готов за 10 минути
- rubinirubin
- Aug 17, 2021
- 1 min read

Кога ви се јаде нешто благо, а немате многу време за подготвување, чоколадниот мус е совршениот десерт.
Потребни состојки:
300 г квалитетно чоколадо
3 јајца
50 г шеќер
1 лажица какао
300 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
Чоколадото стопете го во микробранова, а слатката павлака изматете ја така за да добиете цврст шлаг.
Изматете ги јајцата со шеќерот додека да добиете многу светла нијанса, па додадете го какаото, а потоа и стопеното чоколадо.
Сè добро изматете, па помешајте ја чоколадната смеса со шлагот.
Сервирајте ја добиената чоколадна пена во чаши и по желба украсете ја со шлаг и рендано чоколадо.
Comments