Совршен рецепт за љубителите на компирот: Полнет компир на четири начини!
- rubinirubin
- Sep 16, 2022
- 2 min read

Уште еден рецепт кој задолжително мора да го пробаат љубителите на ручек со компир – полнети компири на 4 начини.
Кога немате идеја што да зготвите, а сакате нешто вкусно со што ќе ги изненадите најблиските, овој рецепт нема да ве разочара вам, ниту оние кои ќе го пробаат ручекот.
Подгответе 4 различни филови, или одберете еден омилен од оние во продолжение и наполнете ја кората на компирите, испечете ги и уживајте во неодоливо задоволство.
Компири на 4 начини – викенд ручек од кој сите ќе бараат уште…
Потребни состојки Прв начин:
2 голем компири 4 парчиња салама 150g кашкавал, рендан 100ml павлака за готвење ¼ лажица морско оревче ½ лажица сол ½ лажица бибер Зеленило за сервирање Втор начин:
2 големи компири 2 парчиња пилешки гради, сварени и ситно сечкани 100g чедар кашкавал, рендан 50g моцарела сирење 2 лажици чили сос (или некој мексикански лут сос) 100ml кисела павлака ½ лажица сол Зеленило за сервирање Трет начин:
2 големи компири 10 парчиња сланина, сечкана и пропржена 4 колбаси, зготвени и исечкани 10 парчиња кулен, сечкани 100ml кисела павлака 100g чедар кашкавал, рендан 50g моцарела сирење ½ лажица сол ½ лажица бибер Зеленило за сервирање Четврти начин:
2 големи компири 250g печурки, сечкани и пржени на путер 250g спанаќ 1 чешне лук, ситно сечкан 100ml павлака за готвење 100g чедар кашкавал, рендан 50g моцарела сирење, рендано ½ лажица сол ½ лажица бибер Зеленило за сервирање Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180⁰C. Исечете ги компирите на половина по должина. Извадете ја средината од компирот и ставете ја во сад. Корите о д компирите наредете ги во плех со масло и печете ги 15 минути.
Зависно од полнењето кое сакате да го направите, мешајте ја средината на компирот со состојките за секој фил посебно и наполнете ги компирите, па повторно ставете да се печат додека не се стопат состојките и не добијат убава боја.
Comments