top of page

Смокви со чиа пудинг: Вкусен оброк полн со железо и антиоксиданти

  • Feb 4, 2022
  • 1 min read

Чиа семките се одличен избор за здрав оброк или ужинка. Тие се извор на железо, калциум и магнезиум.

Потребни состојки:

300 мл бадемово млеко 50 гр чиа семки 1-2 лажици малтекс неколку овесни колачиња или овесни снегулки 100 гр смокви 100 гр овошје за декорирање

Начин на подготовка:

Измијте ги смоквите и исечете ги на кругови. Во посебен сад измешајте ги чиа семките со млекото и со засладувачот и добро промешајте.

Скршете ги колачите, потоа ставете ги на дното од садот и прелијте ги со малку млеко со чиа семки.

Наредете ги смоквите на ѕидот на теглата, потоа повторно прелијте го млеко. Оставете го пудингот да стои во фрижидер неколку часа или преку ноќ. Одозгора ставете овошје за декорација.

Послужете го десертот ладен.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page