top of page

Слободно почестете се темно чоколадо: Еве кога и колку треба да јадете

  • rubinirubin
  • Jan 25, 2020
  • 1 min read



Руски експерти препорачуваат да се консумира половина црно чоколадо секој ден, но поделотворно е тоа да го правиме дење, оти тоа е висококалоричен производ што нè прави поенергични и попродуктивни, сметаат докторите. -Ако јадете темно чоколадо со удел на какао од најмалку 50 отсто, тогаш просечната количина што треба да се консумира, е околу 50 грама на ден. Може да си каснете и повеќе, ако се занимавате со потежок физички труд или спорт, смета проф. Алексеј Буверов, при Униврзитетот Сеченов во Москва, Русија. Темното чоколадо е здраво и содржи поголема концентрација на какао и други полезни компоненти. -Сега го проучуваме и благотворниот ефект на холестеролот врз метаболизмот. Односно, и покрај тоа што чоколадото содржи масти, флавоноидите ги намалуваат нивоата на холестерол, објаснува проф. Буверов. Според него, црното чоколадо има и компоненти што го заштитуваат црниот дроб, но предупредува дека може лошо да влијае на панкреасот.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page