
Торта со супериорен вкус, која се топи во устата
СОСТОЈКИ:
1 јајце 100 гр шеќер 1 ванилин шеќер 150 мл млеко 50 мл масло 4 супени лажици џем 230 гр брашно 1 прашок за пециво
За прелив:
1 литар млеко 4 лажици шеќер + 1 лажица шеќер во прав 1 лажица екстракт од ваила 4 пудинг од ванила 200 гр путер 100 гр печени сечкани ореви
Подготовка:
Прво го правиме филот:
Во млекото ставете шеќер и ванила и сварете го пудингот. Покријте со фолија да се излади целосно. Изматете го путерот со 1 лажица шеќер во прав и соединете го со изладениот пудинг. Додадете половина од печените сечкани ореви
Кора:
Во сад со миксер се мати јајцето со шеќерот, се додава ванилата, млекото, маслото, џемот, брашното со прашокот за пециво и се меша.
Истурете во голем плех обложен со хартија за печење. Се пече на 200 степени. Да се олади. Се сече на три ленти. Премачкајте ја секоја лента со филот и завиткајте ја во ролна. Следнната повторно премачкајте ја и продолжете да виткате во круг.
Премачкајте со остатокот од филот и посипете со остатокот од печените ореви. лешници или несолени кикирики. Оставете еден ден во фрижидер да впие.
Opmerkingen