top of page

Слаткиот вкус може да ни “згорчи“ ако претераме: Колку шеќер смееме да внесуваме дневно

  • rubinirubin
  • Sep 8, 2021
  • 1 min read

ree

Кога станува збор за внесувањето шеќер во исхраната, може да слушнете најразлични совети и предупредувања. Најчести се оние дека во „здравата храна“ како мусли, овошни јогурти, протеински плочки и слично, има многу повеќе шеќер отколку што си мислиме и дека еден таков производ може да ја задоволи дневната потреба на организмот за шеќер.

Не станува збор само за чистиот шеќер, бел или кафеав. Покрај сахарозата, не треба да ги заборавате и другите извори на шеќери како фруктоза, малтоза, шеќерен инвертиран сируп, хидролизиран скроб и други, што секојдневно ги внесуваме преку храната.

Експертите сметаат дека шеќерите не треба да надминуваат повеќе од 5% од вкупната енергија, односно внесени калории, преку храната и пијалоците во текот на денот.

Тоа одприлика изнесува 30 грама, односно околу 7,5 кафени лажички шеќер.

Според возраста, табелата на дневната вредност на внесени шеќери во текот на денот изгледа вака:

– Возрасни: не повеќе од 30 грама (еквивалент на 7 коцки шеќер)

– Деца од 7 до 10 години: не повеќе од 24 грама (еквивалент на 6 коцки шеќер)

– Деца од 4 до 6 години: не повеќе од 19 грама (еквивалент на 5 коцки шеќер)

– За деца под 4 години не постојат дефинирани вредности, но се препорачува да не се конзумираат засладени пијалаци и храна со додаден шеќер.


 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page