
Состојки:
– 125 гр маргарин– 4 лажици мед– 4 лажички шеќер– 100 гр чоколадо за готвење– 100 гр мелени бисквити– 100 гр мелени ореви– 200 гр пржен сусам
Подготовка:
Во тавче на умерена температура растопете ги маргаринот, медот, чоколадото и шеќерот, мешајте додека не се соединат. Додадете прженo семе од сусам, ореви и бисквити и измешајте сè заедно.
Добиената маса истурете ја на алуминиумска фолија, завиткајте ја додека е топла, ставете ја во фрижидер да се стегне и исечете и послужете кога ќе се излади.
Comentarios