top of page

СИТЕ ЌЕ ВИ ГО ПОБАРААТ РЕЦЕПТОТ: Торта од соништата, нема подобра

  • rubinirubin
  • Oct 3, 2022
  • 1 min read

Најкремастиот десерт кој се јаде за 15 минути

СОСТОЈКИ:

10 белки250 гр шеќер300 гр ореви или печени лешници3 лажици брашно1 прашок за пециво

Фил

10 жолчки220 гр шеќер3 пудинзи од ванила1 лажица густин1 ванилин шеќер1 литар млеко270 гр маргарин100 гр чоколадо за готвење

И потребно е уште:

200 гр чоколадо за глазура

ПОДГОТОВКА:

Белките изматете ги во цврст шлаг, додадете го шеќерот и мешајте додека не се добие фина густа мазна смеса. Додадете брашно измешано со прашок за пециво, а на крајот лесно измешајте мелени ореви или лешници.

Смесата истурете ја во плех (20 × 30) обложен со хартија за печење, печете на 150 C околу 40 минути или по потреба. Изладениот бисквит исечете го на два дела.

Од литар млеко се одвојува доволно за да се изматат шеќерот, пудингот, жолчките и густинот за да се добие мазна смеса. Остатокот од млекото ставете го да зоврие, кога ќе зоврие додадете ја смесата за пудинг, варете неколку минути со постојано мешање додека не се згусне.

Филот се остава да се излади покриен со проѕирна фолија. Изматениот маргарин измешајте го во изладениот фил. Поделете го филот на два дела, во едниот измешајте го стопеното чоколадо.

Бисквитот ставете го на плех, малку попрскајте го со чоколадно млеко, па жолтиот фил, намачкајте го темниот фил, па покријте со друг дел од бисквитот.

Ставете ја глазурата на бисквитот, како што обично правите.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page