Секогаш успева: Овој рецепт за тесто е тајната на секој пекар
- rubinirubin
- Nov 14, 2022
- 1 min read

Ова е рецептот кој секогаш успева.
Потребни состојки:
1 кг брашно
500 мл млако млеко
200 мл јогурт
2 јајца
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
1 коцка квасец
Во подлабок сад ставете килограм брашно и во средината направете вдлабнатина.
Во таа вдлабнатина ставете малку млако млеко и изронете го квасецот па наросете лажичка шеќер. Оставете квасецот да се активира и да надојде.
Замесете тесто, а потоа покријте го со крпа и оставете да се дигне. Кога тестото ќе се удвои, од него можете да правите се’ што ќе посакате: кифлички, погачички…
Ако не го потрошите во истиот ден, сочувајте го тестото во фрижидер и употребете го следните денови.
Comments