top of page

Ручек на германски начин: Рецепт за Spätzle со свинско и сос од печурки!

  • rubinirubin
  • Apr 26, 2022
  • 2 min read

Spätzle е омилена паста со јајца која се јаде во кујните на Германија, Австрија, Швајцарија, Унгарија и Тирол. Тие се омилени во германската провинција Швабија и скијачкиот рај во Австрија – Форарлберг. И на Балканот се кријат зад името љеванци. Пробајте ги во вкусна комбинација со свинско месо и миризлив сос од печурки.

Состојки за шпецли со свинско месо и печурки:

4 свински стекови (врат, рифови…)

Шпецли:

200 гр брашно 2 јајца 1 дл минерална вода сол

Сос од печурки:

250 гр печурки (лусички, печурки…) 1 чешне лук 1 гранче свежа мајчина душица 50 мл бело вино 100 мл павлака за шлаг (без шеќер) маслиново масло гранче свеж магдонос сол, бибер

Подготовка:

1. Во тава загрејте го маслото. Зачинете ги котлетите со сол и бибер и печете ги во тавче околу три до четири минути од секоја страна додека не добијат убава кафена боја. Префрлете ги во чинија и покријте ги.

2. За сосот од печурки, добро исчеткајте ги за да се отстрани преостанатата земја (не ги мијте) и исечете ги на кришки. Загрејте ја тавата, додадете малку маслиново масло и додадете го сечканиот лук и мајчина душица. Кога ќе замириса, додадете ги печурките и продолжете да динстате уште 10 минути додека не омекнат и ја исцедат течноста. Месото вратете го во тавата, покријте го со вино и динстајте додека да испари алкохолот и да се намали течноста. Посолете и побиберете, па додадете го кремот и варете додека убаво да се соедини сосот и месото да биде готово.

3. За шпецлите, убаво се матат јајцата и се мешаат со брашното. Мешајте истурајќи вода, додека тестото не почне да се лизга од лажицата. Оставете десетина минути, а потоа втиснете низ сито во врела вода, а ако немате цедалка, тестото може да го изгребете со лажица со дрвена даска. Сосот посипете го со ситно сечканиот магдонос и послужете со тестенини.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page