
Толку вкусен ручек, а се прави за миг!
СОСТОЈКИ:
500 гр пилешко филе
1 главица кромид
2 чешниња лук
2 зелени пиперки
2 домати
сол
бибер
магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Кромидот и лукот продинстајте ги на масло, потоа додајте пилешко. После десетина минути додајте пиперка исечкана на коцки и домати, како и зачини. После 15 минути вашето јадење е готово.
Добар апетит!
Comments