top of page

Ротквичките се вистинска супер-храна, дознајте зошто е важно да ги јадете

  • rubinirubin
  • Sep 18, 2021
  • 0 min read

Интересен е фактот дека постојат дури 35 вида на ротквички.

„Ротквичките се вистинска супер-храна“, вели нутриционистот Меган Брд. „Содржат голема количина на витамин Ц, калиум, витамин Б, железо, витамин К, магнезиум и цинк“.

Исто така содржат и глукозинолати кои имаат противвоспалителни својства. Со толку добри состојки, не е ни чудно што се сметаат за суперхрана.

Го подобруваат имунитетот

Витамините Ц и Б кои се содржат во ротквичките го зајакнуваат имунолошкиот систем. Витаминот Б помага во создавање на ензими и создавање на нови органски молекули, а тоа помага во изработка на нови имунолошки станици кои ги извршуваат функциите на вашиот имунолошки систем.

Го намалуваат ризикот од рак и дијабетес

Витаминот Ц во ротквичката игра важна улога за превенција на рак. Содржат соединенија познати како глукозинолати, чија улога е да ги штитат клетките од генетски мутации кои предизвикуваат рак.

Исто така, го намалуваат и ризикот од појава на дијабетес.

Го подобруваат варењето на храната

Ротквичките се природен чистач на дигестивниот систем, помагаат да се разгради, елиминира заостанатата храна и токсините кои биле наталожени со текот на времето. Покрај тоа, тие се корисни за намалување на надуеноста на стомакот и го олеснуваат варењето на храната.


Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page