top of page

Рецепт на денот: Тирамису со малини



Освежителен десерт со слаб киселкаст вкус на малини и неодолив чоколаден крем. Потребно е: за кремот: 6 јајца 6 лажици шеќер во прав 450 г малини 500 г маскарпоне сирење 1 големо пакување пишкоти 300 мл сварено јако еспресо кафе 3 лажици мараскино ликер или рум за чоколадниот крем: 200 мл павлака за готвење 100 г бело чоколадо 200 г црно чоколадо Подготовка: – Во еден сад изматете ги жолчките со шеќерот во прав. Додадете го маскарпоне сирењето и измешајте убаво. – Во друг сад изматете ги белките во густ шлаг и полека додадете ги во изматените жолчки. Полека измешајте со дрвена лажица. – За чоколадниот крем загрејте ја павлаката за готвење и во неа растопете го и белото и црното чоколадо. Оставете да се излади. – Сварете го еспресо кафето и додадете го мараскино ликерот или румот во него. – Пишкотите натопете ги во кафете и наредете ги во тава. – Над пишкотите нанесете го чоколадниот крем, а над него наредете ги малините (ако се многу кисели претходно увалкајте ги во 2-3 лажици шеќер во прав). – На крај целиот колач прекријте го со кремот од маскарпоне. – Повторете ја истата постапка додека не ги потрошите сите состојки. На крај треба да завршите со кремот од маскарпоне и искапете со чоколадниот крем. – Колачот ставете го фрижидер да се излади и потоа исечете го на коцки и послужете.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page