
Испробајте го овој едноставен рецепт за вкусен колач со круши.
Состојки:
*Сите состојки мерете ги со иста шолја
Шолја шеќер
Две и пол шолји брашно
Прашок за пециво
600 гр. круши, излупени, исчистени и исечени на коцки
Пола шолја масло
Четири јајца
180 мл. јогурт
Начин на подготовка:
Во чинија промешајте шолја шеќер, брашно, прашок за пециво. Постепено додавајте масло, јајца, јогурт и миксирајте додека состојките се соединат.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тавата ставете хартија за печење, па сипете ја смесата за тесто. Одозгора наредете ги парчињата круша.
Печете четириесетина минути додека колачот да добие златеста боја.
Наросете шеќер во прав и послужете.
Comments