top of page

Рецепт за солена пита од палачинки: Вкусен и едноставен оброк кој го обожуваат и децата и возрасните

  • rubinirubin
  • Apr 27, 2022
  • 1 min read

На палачинките ретко кој може да им одолее, но веројатно не сте ги јаделе често во облик на пита.

Палачинките веројатно сте ги јаделе на многу начини, и солени и слатки, со печеница и павлака, кашкавал, но и со ореви и мед, бисквити… Меѓутоа, веројатно малкумина го пробале овој фантастичен рецепт за солена пита од палачинки.

Состојки за тесто:

– 200 грама меко брашно; – 2 јајца; – 3 децилитри млеко; – малку млака вода; – малку сол; – малку шеќер.

Состојки за фил и прелив:

– 200 грама крем-сирење; – 200 грама печеница; – 2 чаши кисела павлака; – 200 грама кашкавал; – 2 јајца.

Подготовка:

Направете тесто за палачинки од брашното, јајцата, маслото за јадење, млекото, малку вода, сол и шеќер и оставете половина час да стои во фрижидер.

Од тестото на тава за палачинки испечете 10-12 палачинки.

Потоа во сад за печење на дното ставете две или три палачинки (во зависност од големината на садот) премачкајте со масло за јадење.

Изматете го крем-сирењето, една чаша павлака и потоа изрендајте кашкавал. Над палачинките во садот ставете од филот, а над него ставете тенко исечени парчиња печеница.

Повторете ја постапката додека не ги потрошите намирниците водејќи сметка на најгорниот слој да бидат палачинките.

Изматете две јајца и чаша кисела павлака и прелијте ја питата.

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и печете околу 30 минути.

Comentários


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page