top of page

Рецепт за печено пилешко во бешамел сос: Ручек кој се топи во устата

Рецепт за богат неделен ручек или кога сакате да се пофалите пред вашите пријатели а сепак не сакате да готвите цел ден. Вкусно е и нема човек на светов што ќе каже дека не му се допаѓа.

СОСТОЈКИ:

1 кг пилешки стек200гр димен свински врат300гр свежи шампињони200гр зелени маслинки со пиперка1 црвена бабура1 кромид300гр млечен кашкавал (едамер, гауда или сл.)путер, сол и бибер и маслиново масло

За бешамел сосот

1л млеко60гр путер40гр брашно70гр пармезан1/4 лажичка сол1/4 лажичка мускатно оревче

ПОДГОТОВКА:

Исечете го пилешкиот стек на коцки и кратко пропржете го во маслиново масло. префрлете го во тава за печење. Едно по едно, пропржете ги свежите шампињони, димениот врат, маслинките, пиперките, кромидот и доколку случајно ви се наоѓаат фрлете и неколку чери домати во миксот.

Додавајте се во тавата за печење.

Направете го бешамел сосот прекријте ги сите состојки со него.

Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете 25 минути на 200 степени.

Извадете ја тавата од рерна, отстранете ја фолијата и изрендајте го кашкавалот врз смесата. Печете уште 10-15 минути додека кашкавалот не се растопи и запече.

Многу е важно барем половина час да ја оставите тавата да „одмори“, за бешамелот убаво да ги врзе сите состојки. Потоа исечете коцки од пилешкото во бешамел и сервирајте го врз зелена салата со декорација од чери домати или може да декорирате со разни сувомеснати производи и павлака…

 

Comentários


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page