Рецепт за неодолив полнет компир од рерна чиј вкус ќе ве воодушеви
- rubinirubin
- Sep 30, 2022
- 1 min read

Иако компирот е намирница која се користи многу на нашите простори, понекогаш немате идеи за негова подготовка.
Овојпат ќе ви пренесеме рецепт кој е малку поразличен од вообичаената подготовка.
Состојки:
– 3 големи компири; – 200 грама шампињони; – 200 милилитри кечап; – 100 грама кашкавал; – Сол; – Бибер; – Свеж магдонос.
Подготовка:
Компирите измијте ги со лушпата и ставете ги во рерна да се печат на 200 степени Целзиусови.
По 45 минути проверете дали се испечени, извадете ги од рерна, па исечете ги на половина и со лажица издлабете ги.
Печурките испржете ги на малку масло за јадење, додадете ги зачините.
Во чинија измешајте ја средината од компирот која претходно ја извадивте, печурките, кечапот и кашкавалот, па со смесата наполнете ги компирите.
Вратете ги во рерна и печете уште пет минути. Компирот послужете го со свежо исечкан магдонос.
Comments