Рецепт за ЛОКУМАДЕС, крофнички кои мамат на УЖИВАЊЕ
- rubinirubin
- Dec 26, 2021
- 1 min read

Необичен десерт кој се подготвува многу едноставно!
СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:
350гр брашно 250мл топла вода 5 гр сув квасец Сол 100гр шеќер Масло за пржење
СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:
100гр мед 200мл вода Сок од еден лимон Цимет 40 гр сечкани ореви
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во чинија ставете брашно, квасец, шеќер, сол и вода. Замесете глатко тесто и оставете го околу еден час да отстои. Од тестото направете мали топчиња и наредете ги на тацна. Добро загрејте масло и пржете ги топчињата од тесто. Кога ќе поруменат ставете ги на хартиена салфета да ја впие маснотијата. Згответе прелив од мед, вода и сок од лимон. Сервирајте ги топчињата на чинија, прелијте ги со врел прелив и посипете ги со цимет и ореви.
Comments