top of page

Рецепт за домашни крофни: Никогаш не сте пробале помеки и посовршени


Денеска ви претставуваме рецепт за тесто за домашни крофни кои ќе го развеселат целото семејство.

Потребни состојки:

– 1 кг. брашно (меко, тип 400)

– 600 мл. млеко

– 1 пакување квасец (50 гр.)

– 3 лажици маст (или масло за јадење)

– 4 лажици шеќер

– 1 лажиче сол

– 2 лажички шеќер за квасецот

– 2 жолчки

Начин на припрема:

1. Во млако млеко (600 мл.) здробете го квасецот, ставете 2 лажички шеќер и оставете го да нарасне.

2. За тоа време, во поголем сад изматете 2 жолчки, додајте маст или масло за јадење, шеќер, сол и на крајот додајте го нараснатиот квасец. Сето тоа измешајте го, па постепено додавајте брашно и матете.

3. Замесете средно меко тесто (важно е да не се лепи за рацете и за работната површина), а потоа оставете го да одмори 20-30 минути.

4. По 30-на минути, повторно премесете го тестото без да додавате брашно и расукајте го на дебелина помала од 1 центиметар (отприлика 7-8 мм). Со чаша вадете крофни, па оставете ги да отстојат од секоја страна по 5 минути. За тоа време, загрејте масло на умерена температура.

5. Пред да ги пржите крофните, расукајте ги уште малку со сукало и оставете ги кратко да одморат. Кога ќе ги ставате крофните во маслото, битно е онаа страна што била на масата сега да биде нагоре.

6. Готовите крофни извалкајте ги во шеќер во прав и послужете ги топли.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page