
Потребни состојки: 1 килограм јагоди 400 грама шеќер 1 литар вотка 100 милилитри рум
Начин на подготовка:
Измијте ги јагодите и отстранете ги дршките. Потоа изгмечете ги, посипете ги со шеќер и оставете ги да стојат покриени 12 часа.
Потоа, ставете ги јагодите во поголема тегла или во шише за вино и турете ги вотката и румот.
Затворете ја теглата цврсто и оставете ја да стои на ладно место 3 недели. Мешајте ги јагодите внимателно на секои 3-4 дена.
Кога ќе биде готов, треба да го исцедите ликерот низ густа газа, а потоа да го турите во стаклени шишиња.
Comments