top of page

Рецепт за денеска: Рагу со мелено месо



Едноставно и брзо за подготовка, совршенство на вкус и мирис… Подготовка: 500 г мешано мелено месо 2 чили-пиперки 2 главици кромид 2 чешниња лук 2 поголеми компири 2 лажици путер или маргарин 1 лажица слатка црвена мелена пиперка 250 мл супа од коцка 150 г грашок кари во прав мелен сув зачин црн пипер Подготовка: – Чили-пиперките, лукот и кромидот ситно исечкајте ги. Комирите исечкајте ги на коцки. – Месото убаво пропржете го на растопен путер. Додадете го сечканиопт кромид и пржете уште малку. Потоа додадете го сечканото лукче, па чили-пиперките и зачинете по вкус со чили во прав и мелена црвена пиперка. Динстајте уште малку. – Сега сипете ја супата од коцка и кога ќе проврие додадете ги исечканите компири. – Варете го јадењето на тивко уште 20-тина минути. Додадете мелен сув зачин по вкус. – Додадете го и грашокот и варете го рагуто додека не се свари грашокот. – Пред да го послужите, посипете со црн пипер.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page