
Овој врвен десерт се прави многу брзо, а веруваме дека ќе ве освои и вас и вашето семејство.
Состојки: – 200 грама шеќер; – 300 грама брашно; – 180 грама јогурт; – 1 лажица сода бикарбона; – половина чаша масло за јадење.
За сируп: – 10 лажици шеќер; – 2 децилитри млеко; – 100 грама маргарин; – 3 лажици какао.
Подготовка: Смесата за тесто добро изматете ја додека не се соедини. Тестото ставете го во соодветен плех и печете на 200 степени Целзиусови 25-30 минути, а откако ќе го извадите од рерна, оставете го тестото да „мирува“.
Сварете го сирупот така што сите состојки ќе ги ставите во едно тенџере и ќе мешате додека не се соединат.
Comentarios