Рецепт за англиски колач: Меки коцки од чоколадо со шлаг
- rubinirubin
- Oct 13, 2021
- 1 min read

Класичен десерт без конкуренција.
Потребни состојки:
2 јајца 10 лажици шеќер 7 лажици брашно 4 лажици гриз 1 прашок за печиво 10 лажици млеко 7 лажици масло 2 лажици какао половина литар ладно млеко џем од кајсии 200 грама шлаг
Начин на подготовка:
Изматете ги сите состојки, прво јајцата и шеќерот, а потоа постепено додавајте масло и мешајте. Додајте ги какаото, брашното во кое претходно ќе го измешате прашокот за печиво, гризот и на крајот млекото. Печете на температура од 200 Целзиусови степени.
Изладете го испечениот колач и прелијте го со половина литар ладно млеко, па премачкајте го со џем од кајсии. Изладете го колачот и премачкајте го со шлаг.
Comments