top of page

Пченката е богата со витамини

  • rubinirubin
  • Nov 14, 2020
  • 1 min read

Пченката во Европа дошла од Јужна Америка со шпанските освојувачи и стана незаменлив дел од исхраната на жителите на стариот континент. Во вкупното производство на житни култури, се наоѓа на второто место, зад оризот, но пред пченицата.

Пченката е богата со скроб, влакна,витамин Ц, витамин А, но тоа исчезнува за време на варењето и печењето.

Нутриционистите препорачуваат пченка во конзерва, бидејќи на тој начин не се губат драгоцените витамини и минерали.

Популарната житарица највеќе се користи во мексиканската кујна каде се спрема на милион начини, додека Европјаните најчесто ја јадат во форма на појадок, или од пченката припремаат здрава каша.

Оваа билка се користи во медицински цели, чај од исушена пченка се пие за болести на мочниот меур и уринарниот тракт, реума, проблеми со срцето, и го забрзува протерувањето на течности од организмот.

留言


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page