Пуслица ролат со боровинки и малини
- rubinirubin
- Aug 4, 2021
- 1 min read

Потребни состојки:
4 белки 250 грама шеќер во прав 1 лажичка вински оцет 1 лажица пченкарно брашно За фил:
рендана кора од 1 лимон 300 милилитри слатка павлака 150 грама боровинки 50 грама малини Начин на подготовка: Изматете ги белките во голем сад додека не се стегнат. Постепено додавајте шеќер, лажица по лажица. Мешајте додека смесата не стане мазна и цврста.
Измешајте ги оцетот и пченкарното брашно, а потоа изматете ги во смесата за пуслица. Нанесете ја смесата со лажица во садот за печење, а тој треба да биде обложен со хартија за печење така што ќе излегува малку надвор од рабовите на садот. Печете околу 10 минути во рерна на 190 °С, додека кората не порумени, не стане цврста на допир и површината не почне да пука по малку.
Ставете хартија за печење над чиста крпа и посипете со шеќер во прав. Превртете ја пуслицата на хартијата. Остранете го плехот. Оставете да се излади 1-2 часа. Потоа, внимателно отстранете ја хартијата за печење.
Додајте ја кората од лимон во изматената слатка павлака. Премачкајте ја пуслицата, а потоа посипете со боровинки и малини. Со помош на хартијата, завиткајте ја пуслицата така што ќе добиете ролат.
Comments