
За подготовка на овој колач ви се потребни состојки кои веќе ги имате дома. Не е потребно печење.
Ова е одличен десерт кој трае долго и може да се јаде на подолг период.
Потребно:
1 килограм јаболки
6 децилитри вода
150 грама шеќер
2 кесички пудинг од ванила
1 кесичка цимет
2 кутии бисквити
Шеќер во прав за поросување
Подготовка:
-Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги јаболката
-Ставете ги да се варат во водата во која претходно сте го додале шеќерот
-Варете 5 до 10 минути. Разматете ги двете кесички пудинг со 12 лажици ладна вода.
-Додајте го изматениот пудинг и малку цимет, а потоа варете и мешајте додека смесата не се згусти.
-Во тепсија наредете ред бисквити, па ред фил од јаболка со пудинг.
-Декорирајте ја тортата со шлаг- пена.
Comentarios