top of page

Протеински палачинки од тиква

  • rubinirubin
  • Aug 17, 2021
  • 1 min read

Eдна чаша тиква содржи 250% од дневниот внес на витамин А, витамин Ц и е одличен помошник во одржувањето на имунитетот. Иако вашата прва мисла е веројатно супа од тиква или пире, денес ви донесовме малку поинаков рецепт за да можете да ја вклучите вашата омилена храна во појадокот. Палачинки од тиква, да, звучи совршено, а исто таков е и вкусот. Покрај тоа што се богати со растителни влакна, калциум и железо, тие се богати и со протеини, па затоа се идеален оброк за почеток на денот.

Состојки:

½ чаши бадемово млеко ¼ чаши брашно од цело зрно ¼ чаши бадемово брашно ¼ чаши пире од тиква 1 лажичка конопно семе ¼ лажички зачини од пита од тиква ¼ лажички прашок за пециво Малку сол Малку шеќер или стевија (особено ако користите незасладено бадемово млеко)

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во мешалка и мешајте додека не се разработи целосно. Загрејте тава на средна топлина и попрскајте ја со спреј за печење. Земете повеќе смеса за да ги направите палачинките подебели и печете додека не поруменат од двете страни. Сосови по вкус.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page