top of page

Престанете да ја обвинувате личноста којашто ви го скршила срцето



Кога ќе не повредат луѓето коишто ги сакаме, нашата првична реакција е да ги обвиниме. Го поминуваме поголемиот дел од нашето време бидувајќи лути. Повеќе се концентрираме на болката и огорченоста отколку да размислиме за причините поради кои не повредиле. Но, зошто оние коишто највеќе ги сакаме највеќе не повредуваат?

Она што сите најчесто го забораваме е дека секој повредува некого во одреден период од животот. И се додека не ви се случи на вас, нема да разберете како е возможно некој што ве сака толку, да ви го направи тоа што ви го направил(а).

Понекогаш, кога нешто ќе тргне наопаку, не е ниту ваша, ниту нивна вина.

И покрај тоа што често луѓето имаат одредени перцепции, никој не се обидува намерно да ве зафркне. Ако луѓето ја прифатат идејата дека понекогаш едноставно работите одат по ѓаволите, тогаш ќе има многу помалку солзи и многу повеќе прифаќање на фактот дека ништо не е вечно. Потребно е многу повеќе од покажување со прст и огорченост за да сфатиме зошто оние кои највеќе ги сакаме највеќе не повредуваат.

Луѓето се оддалечуваат.

Врските умираат и постојано се случува луѓето да се оттуѓат и тоа обично е неочекувано. Кога тоа ќе се случи, не може да се борите против тоа. Понекогаш има причина, но понекогаш едноставно луѓето сакаат да бараат среќа на друго место.

Си поставуваме прашања од типот: Зошто би го направиле ова? Зошто ова мора да ми се сучи на мене? Забораваме дека повеќето работи во животот едноставно се случуваат. Не ја обвинувајте другата страна. Не е нивна вина. Но, тоа не значи дека проблемот е во вас. Секоја личност којашто ја среќаваме игра некаква улога во нашиот живот. Некои остануваат, некои си одат и која и да е причината, тие не го прават тоа за да ве казнат. Се е дел од животот.

Процесот на преболување на личноста којашто ја сакате е постојана битка помеѓу срцето и умот. Потребно е многу повеќе од неколку пијани вечери и немирни денови за да ја смирите болката. Кога некоја добра работа ќе стане лоша, ретко помислуваме на другата личност затоа што сме премногу обземени со сопствените чувства. Но, никој не може да ги контролира своите чувства и речиси е невозможно да ја сопре болката која  доаѓа со тоа. Полесно е да мислиме дека љубовта којашто ја чувствуваме нема никогаш да избеди. Но, како и повеќето работи, начинот на којшто се чувствувате во моментот, нема да трае вечно.

Кога конечно сфатив дека луѓето не ве повредуваат намерно, се беше полесно. Престанав да изигравам жртва и почнав да се ставам во туѓата кожа. Не бидете толку брзи и да обвинувате некој затоа што ве повредил, затоа што 9 од 10 луѓе не би сакале да видат како се давите во тага поради тоа што го рекле или кажале.

Држењето горчина поради тоа што ве повредил некој што го сакате, ќе ги направи работите уште полоши.

Луѓето навистина не сакаат намерно да ве повредат.

Не постои точен одговор за тоа зошто луѓето што ги сакаме не повредуваат. Вистината е дека сите се повредувам. Понекогаш е ненамерно, понекогаш има подлабока причина. Што и да е, не можете да контролирате, избришете или да го промените тоа што другите го чувствуваат за вас.

Кога ќе прифатите дека едноставно се се случува во животот и кога ќе престанете да ја обвинувате другата личност, ќе сфатите дека сите луѓе ја бараат истата работа. Сите луѓе сакаат среќа. Тоа е се што останува и едноставно не можете да форсирате среќа врз никого.  Единствената работа што можете да ја направите е да прифатите дека е готово, да се помирите со тоа, да извлечете поука и тогаш среќата ќе дојде кога најмалку очекувате.

 

コメント


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page