top of page

Престанете да барате изговори за луѓето кои се однесуваат лошо кон вас

  • rubinirubin
  • Feb 28, 2020
  • 1 min read


Постои нешто што можеме да го забележиме кај луѓето околу нас. Секој од нив води своја борба.

Тоа се оние ситуации кога сакаат безвредни луѓе, кои не заслужуваат ниту една шанса.

Кога се нервираат поради лошото однесување на своите злобни пријатели, а повторно одат на ручек со нив.

Кога  се уште ги трпат злобните коментари на членовите од семејството и го трпат тоа само поради тоа што се крвно поврзани.

Не морате никому да дозволувате да прави да се чувствувате безвредно.

Не е лесно да се престане да се сака некого, не е лесно да се замине од пријателство или врска кои некогаш биле убави, тешко е да се донесе одлука да се пресече засекогаш со некоја личност. Не постои вистински начин да се направи тоа.

Но, морате да ја прифатите вистината. Всушност, и да ја изговорите на глас  – дека тие луѓе се однесуваат лошо кон вас, а вие не го заслужувате тоа. Престанете да барате изговори за луѓето кои се однесуваат лошо кон вас, престанете да им простувате.

Заслужувате многу повеќе од тоа. Заслужувате љубезност и заслужувате да бидете ценети. Пуштете ги да си одат сите оние кои ви даваат помалку од тоа.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page