
Наближува времетро за ручек, а уште не знаете што да подготвите? Еве еден брз, а вкусен рецепт.
Потребни состојки: 450 гр шампињони 1 главица црвен кромид 500 гр пилешко 4-5 лажици маслиново масло 1 лажица сув зачин 1/2 лажичка бибер 1/2 лажичка сол 1/2 лажичка магдонос 2 чаши вода 1 лажица брашно 100 мл неутрална павлака 2 лажици кисела павлака шери домати (по избор)
Подготовка: Исечкајте ги пилешкото, кромидот и печурките. Загрејте малку маслиново масло во подлабока тава, а потоа испржете го месото. Потоа пренесете го во друга тава, а во првата додајте го кромидот, печурките и уште малку маслиново масло. Зачинете и додадете го пилешкото. Промешајте, а потоа додадете вода. Покријте и оставете да се крчка некое време. Од брашното и вода направете запршка и додадете го во садот. Потоа додадете неутрална павлака, промешајте, а на крај додадете кисела павлака.
📷
Можете да се сервирате со шери домати и магдонос.
Comments