top of page

Прашања кои треба да си ги поставите пред да наполните 30 години



Големата 30-ка. Заокружуваме еден цели период од нашиот живот и се подготвуваме за нови предизвици, нови авантури и нови правци во нашите животи. За некои луѓе, полнењето 30 години е страшно. Се плашат дека ништо не постигнале досега и дека доцнат и дека се зад другите. Но, 30-тите години се навистина шанса за нов почеток и средување на приоритетите. 30-ката е одличен период за рефлектирање и анализирање на досегашните постигнувања и цели и создавање нови. Како што се наближува големата 30-ка, има неколку прашања кои треба да си ги поставите. На тој начин ќе можете подобро да напраите рефлексија и анализа на тоа кои сте сега, што правите, а што би можеле да правите. Ако умрам утре, дали би бил/а среќен/а со животот кој сум го водел/а досега? Иако се работи за малку подраматично прашање, целта е да го набљудувате вашиот живот во целината и да си одговорите на прашањето дали сте задоволни од животот којшто сте го воделе досега. Ако одговорот е да – ќе продолжите во таа насока и надоградување на целите и соништата, ако одговорот е не – ќе можете да откриете што точно е тоа што ве прави незадоволни и да почнете да го поправате. Што е тоа што ме издвојува од останатите луѓе? Секој човек има работи по кои се издвојува од другите. Секој има некаков талент или карактеристика која го прави уникатен. Пронајдете ги своите јаки точки и вашите уникатни карактеристики. Иако можеби не сте свесни, тие можат да ви го подобрат животот на повеќе различни нивоа. Од професионален до емотивен живот, до односите со другите. Кои личности највеќе ме инспирираат? Личностите кои ве инспирираат кажуваат многу за вас и за тоа во кој правец сакате да се движите. Без разлика дали се работи за родител или историска личност, личностите кои не’ инспирираат се луѓе какви се стремиме да бидеме или чии патишта сакаме да ги одиме. Тоа е одлично прашање чии одговори ќе ви расветлат многу работи за вас, а можеби и ќе откриете цел за којашто не сте знаеле дека ја имате. Зошто секое утро станувам од кревет? Или можете да го преформулирате: Која е мојата цел? Имаме многу соништа, но секогаш имаме цел која е поважна од сите други. Цел која нe’ мотивира да бидеме подобри, да се трудиме повеќе. Често сме во толкави брзаници што забораваме да застанеме и да се прашаме себеси која е нашата цел. Со ова прашање ќе можете да дојдете директно до целта и да откриете што сакате или да го откриете изорот на вашата мотивација кој можеби тлеел скриен во вас. Кои се луѓето кои ги сакам и дали во последно време сум им кажал/а или покажал/а дека ги сакам? Често ги земаме луѓето што ги сакаме здраво за готово. Понекогаш се плеткаме со толку многу луѓе и сме опкружени со најразлични луѓе што забораваме кои се луѓето кои ги сакаме и кои не’ сакаат нас. Затоа е ова многу важно прашање, кои се луѓето кои навистина ги сакате и дали ги земате здрао за готово? Кога последен пат сте рекле некому или сте покажале дека го сакате? Ако не ви текнува, почнете да работите на случајот, морате да им покажете на луѓето што ги сакате дека ги цените. Која е мојата дефиниција за успех? Успехот нема конкретна дефиниција. Секој човек е сопствена мера за успех. Затоа и треба да ја откриете вашата сопствена дефиниција за успех, бидејќи ако се водите по туѓите дефиниции за тоа што е успех, тоа значи дека ќе трчате по остварување на туѓите цели, што ќе води кон несреќен и неисполнет живот. Пронајдете ја СОПСТВЕНАТА дефиниција за успех и креирајте ги вашите цели кои ќе водат кон достигнување на успехот по ваша мерка и ваши стандарди.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page