Појадок готов за 15 минути: Рецепт за совршен топол сендвич од рерна
- rubinirubin
- Nov 19, 2021
- 1 min read

Појадокот е најважниот оброк, како што велат нутриционистите, а за добар почеток на денот, важно е да имате добар оброк наутро.
Кога немате време да готвите во раните утрински часови, сендвичот од рерна што ќе го подготвите брзо и лесно е идеално решение.
Состојки: 100 гр кашкавал 100 гр шунка 4 парчиња сирење 2 лажици мајонез 1 јајце прстофат оригано јогурт 8 кришки стар леб 2 дл млеко зелена салата
Подготовка: Лесно натопете го лебот од двете страни со млеко. Изматете го јајцето со јогурт и мајонез, потоа додадете оригано и рендан кашкавал и премачкајте го лебот.
На секое парче ставете лист шунка, врз него триаголници стопено сирење и преклопете го со друго парче тост.
Ставете го во загреана рерна. Печете на 200 степени од 7 до 10 минути.
Ако сакате, можете да додадете зелена салата во сендвичот. Послужете со јогурт.
Comments