ПОХОВАНО ПИЛЕШКО СО ПАРМЕЗАН! Ручек од соништата
- rubinirubin
- Oct 11, 2022
- 1 min read

Состојки:
5 парчиња пилешки гради2 лажички сол¼ лажичка бибер¼ лажичка лут пипер1 лажичка лук во прав1 лажичка благ пипер2 лажици мајонез2 лажици павлака2 лажици пармезан1,5 филџан презла2 лажички пченкарно брашно100 мл масло за јадење
Подготовка:
Пилешкото се сече на пола за да добиеме тенки кришки и потоа по должина на пола – едно парче го делиме на 4 дела. Во садот со пилешкото додаваме сол, бибер, лук, лут пипер, и благ пипер и се добро мешаме. Потоа додаваме мајонез, кисела павлака и пармезан и мешаме да се соедини.
Садот се затвара со пластична фолија и се остава да отстои во фрижидер два часа. Тепсијата се подмачкува со масло и се поросува со пченкарно брашно за да не се залепи месото при печење.
Пилешкото се валка во презла и парчињата се подредуваат во тепсијата. Парчињата пилешко се прскаат со масло. месото се пече на 210 степени, 25-30 минути.
Kommentare