ПОТПЕЧЕНИ ПОРТИЉИ! Вкусен оброк за целото семејство
- rubinirubin
- Feb 14, 2022
- 1 min read

Доколку сакате да јадете нешто набрзина, а немате идеја, тогаш тука се тортиљите
СОСТОЈКИ:
шест тортиљи 300 гр мелено говедско месо две црвени пиперки чаша конзервиран грав чаша конзервирана пченка две чешниња лук главица кромид чаша пире од домати 150 мл павлака јајце, масло малку млеко сол, бибер
Начин на подготовка:
На масло пропржете ги ситно исечканите кромид и лук, па додадете сецкан црвен пипер и мелено месо. Додадете сол и бибер и додадете чаша доматно пире. Динстајте уште неколку минути, потоа тргнете го од оган и додадете ги гравот и пченката.
Измешајте сѐ добро. Загрејте ги тортиљите во тава, па ставете по две или три лажици од смесата на секоја и завиткајте. Готовите тортиillaи наредете ги во намастена тава.
Изматете го јајцето со кисела павлака и млеко, потоа истурете ја оваа смеса врз тортиљите и печете ги во рерна. Послужете топло со салата.
Comments