top of page

Посно МЕДЕНО СРЦЕ: Наједноставниот рецепт за вашиот омилен десерт!

Меденото срце е омилен десерт на многумина, без разлика дали постат или не.

Овој рецепт е многу едноставен и за него ви се потребни неколку состојки, од кои речиси се веќе имате во кујната.

Состојки:

2 чаши вода

1 шолја масло

3 лажици шеќер

4 чаши брашно (по потреба)

4 супени лажици џем од кајсии

1 кесичка сода бикарбона

1 кесичка цимет

чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Соединете ги сите состојки заедно и добро измешајте. Се пече во подмачкана тава во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути, додека не е готово. Растопете ја чоколадата за готвење за глазурата. Кога ќе се излади премачкајте со џем и чоколадна глазура. Може да се посипе и со мелени ореви.

 

Comentários


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page