top of page

После оваа вест веќе никогаш нема да го местите креветот наутро

  • rubinirubin
  • Feb 3, 2020
  • 1 min read



Секое утро по будењето сите ние сме навикнати да ги средуваме постелите, но излегува дека подобро за нашето здравје е воопшто да не го правиме тоа. Зошто? Поради ова суштество.



Овие микроскопски мали црвчиња се многубројни во вашиот кревет. Впрочем, просечен кревет може да биде дом на 1,5 милиони од нив. Тие се хранат со остатоците од кожата на луѓето. Алергенсите кои ги создаваат лесно се вдишуваат за време на спиењето и се голема причина за болести како астмата. Додека спиеме, трошки од нашата кожа се наоѓаат насекаде и овие суштества имаат вистинска гозба. Наутро, кога ја местиме постелата, сета таа кожа заедно со потта и овие мали гости се заробени долу под прекривката. Д-р Стивен Претлов од универзитетот „Кингстон“ изјави за Би-би-си дека овие суштества преживуваат со водата од атмосферата, а нешто толку едноставно како оставање на креветот ненаместен во текот на денот може да ја отстрани влагата од прекривките и душеците, па суштествата ќе дехидрираат и умрат. Експертите препорачуваат оставање на креветот наутро и негово местење подоцна истиот ден.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page