top of page

Полно со витамини, а се спрема за 30 минути: Вкусно јадење од спанаќ кое воодушевува со вкусот

Моќниот витамин Ц е да му обезбеди на вашето тело правилно функционирање на имунолошкиот систем, ќе ги намали можните настинки и бактериски инфекции и ќе и помогне на вашата кожа да биде освежена, затегната и сјајна. Овој витамин се наоѓа во главната состојка на ова јадење, а тоа е спанаќот.

Состојки:

400 гр спанаќ2 чешниња лук1 лажица брашнопутермаслиново масло1 шолја млеко

Подготовка:

Прво треба малку да го измиете спанаќот, а потоа да го подготвите за готвење. Потребно е спанаќот малку да омекне, а потоа да се процеди.

Потоа загрејте ја тавата и додадете го путерот да се растопи, а потоа додадете малку маслиново масло да се загрее. Потоа истурете го брашното во загреаните состојки.

Промешајте, па додадете ситно сечкан лук. Сега е време да го додадете спанаќот што претходно сте го зготвиле и исцедиле.

Сите состојки се мешаат додека не се соединат, па се додава млекото и се динста уште 10-15 минути, па се трга од оган и се остава малку да се излади.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page