
Урми во чоколадо полнети со смеса од ореви.
Состојки:
200 гр меки урми100 гр мелени ореви3 лажици шеќер во прав1 лажица румсок од еден лимон150 гр темно чоколадоедна лажица масло
Подготовка:
Урмите исечете ги на средина и извадете ги семките.
Замесете ги оревите, шеќерот, румот и сокот од лимон, а со оваа смеса наполнете ги урмите.
Чоколадото растопете го на пареа, додадете масло и малку вода по потреба.
Секоја урма ставете ја на чепкалка за заби и потопете ја во чоколадото, а потоа оставете ја чоколадата да се стегне.
Можете да ги ставите во фрижидер некое време.
Comentários