Полнети лепчиња со кашкавал и печурки, готови за час! – Совршена идеја за превкусна вечера
- rubinirubin
- Aug 26, 2021
- 1 min read

Жулиен е едно од највкусните француски јадења, на чиј вкус ретко некој останува рамнодушен, а денес ви претставуваме токму рецепт за истото, само со мала измена, вкусната смеса да биде сместена во топло лепче! Еве како лесно да го приготвите!
Состојки 2 кружни лепчиња 5 средно големи печурки 1 пилешко филе 100 гр кашкавал 400 мл пресно млеко 4 супени лажици брашно 30 гр путер По вкус сол и мелен црн пипер
Начин на подготовка Исечете го пилешкото филе на коцки. Исчистете ги печурките и исечете ги на коцки. Изрендајте го кашкавалот. Запржете го пилешкото филе со малку масло за готвење. Одделно, испржете ги и печурките. Пригответе бешамел сос. Во загреан сад, растопете го путерот, додадете го брашното и добро измешајте, додека брашното лесно да се запече. Бавно додадете го млекото, непрекинато мешајте, за да не се формираат грутки. На крај зачинете со сол и мелен црн пипер. Сосот е готов.
Извадете ја средината од лепчињата и внатрешноста премачкајте ја со сосот. На дното поставете ред од пилешкото филе, потоа зачинете со сол и уште сос. Одозгора поставете ги печурките и повторно нанесете од сосот. На крај додадете многу од ренданиот кашкавал.
Поставете ги лепчињата да се печат 15 минути на температура од 190°C.




Comments