top of page

Погачици со чварки

  • Jan 9, 2020
  • 1 min read



Време е на чварки, па зошто не би ги направиле овие вкусни погачици со чварки и свинска маст …


Потребно е: 1 кг брашно 2 јајца 200 мл кисела павлака 400 мл млеко 1 свеж квасец сол шеќер 40-50 гр мелени чварки свинска маст по потреба (1-2 лажици)


Подготовка: – Сомелете ги чварките и додадете сол и бибер по вкус и 1 лажица свинска маст. Измешајте убаво. Смесата треба да биде кремаста, па потреба додадете уште малку маст.

– Во малку млако млеко измешајте го квасецот и додадете 1 лажиче шеќер, 1 лажиче брашно и малку измешајте. Ставете го на топло за да стаса квасецот.

– Кога ќе стаса квасецот додадете го во брашното. Замесете тесто и постепено додавајте го млекото, солта, јајцата и киселата павлака. Измесеното тесто оставете го да стои на топло додека не нарасне убаво.

– Стасаното тесто развлечете го на набрашнета работна површина во форма на правоаголник. Сега тестото премачкајте го со смесата од чварки и благо притиснете ги со раце.

– Сега преклопете го тестото како на сликата.

– Левата страна на тестото преклопете ја до средината, а десната страна преку левата.

– Горната страна преклопете ја до средината, а долната преку неа.

– Оставете го да стои на топло и потоа повторно размесете го и повторно преклопувајте (барем три пати, во зависност од времето кое го имате на располагање).

– На крај развлечете го тестото со дебелина од еден прст и со чаша вадете погачици. Ставете ги на топло уште малку да отстојат.

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути. Можете да ги премачкате одозгора со разматено јајце.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page