top of page

Плескавица од карфиол која воодушевува со вкусот

Карфиолот во 100 грама содржи дури 80% од препорачаната дневна доза на витамин Ц, а една од неговите најважни состојки е фолната киселина. Покрај тоа, може да содржи и многу други витамини, амино киселини, протеини, калциум, магнезиум, цинк, калиум, манган, селен, железо, фосфор…

Состојки:

Половина главица карфиол3 јајца1 лажица брашномалку вода100 гр сирењезачини по желба

Подготовка:

Најпрво треба да го сварите карфиолот додека не омекне.

Кога ќе омекне, извадете го од тавата и обработете го. Време е да го здробиме.

Потоа додадете ги јајцата, а потоа и брашното. На крај додадете малку вода во зависност од густината.

Време е да се загрее тавата. Кога е доволно загреана, во неа сипете половина од подготвената смеса, ако сакате поголема плескавица или печете ја на неколку пати но помалку. Печете ги од двете страни и извадете ги од тавата. Потоа изрендајте го сирењето на секоја плескавица.

Постапката повторете ја со другата половина од преостанатата смеса.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page