ПИЈАНИ КРОФНИ СО ЈАБОЛКИ: Воздушести, меки и неверојатно вкусни!
- Aug 25, 2022
- 1 min read

Состојки:
300 гр брашно 100 g густин 100 гр шеќер 2 јаболка 2 јајца 400 мл јогурт 50 мл ракија 1 лимон 100 гр шеќер во прав 2 кесички ванилин шеќер 1 прашок за пециво 1 портокал
Подготовка:
Во поголем сад искршете ги јајцата. Постојано мешаме со вилушка и додаваме јогурт и шеќер. Јаболкото излупете го, изрендајте го и додадете го во садот. Додадете ванилин шеќер и крупно изрендана кора од лимон и портокал. Додадете ракија, брашно, згуснувач и прашок за пециво. Мешајте додека не се соединат состојките.
Оставете го тестото да отстои 15 минути. Со подмачкана лажица го вадиме тестото и формираме крофни, па ги пржиме во тава на поголема количина масло. Готовите крофни ставете ги на салфетка за да се впијат вишокот маснотии.




Comments