top of page

Пица сендвичи од стар леб, готови за 20 минути: Доручек кој ќе го поправи секое тмурно утро!


Кога ќе ви остане стар леб, наместо да го фрлите, подгответе оброк за целото семејство. Рецептот за сендвичи со пица е едноставен, и веројатно веќе ги имате повеќето состојки во кујната.

Децата ќе ги обожаваат затоа што се комбинација од нивните две омилени јадења – пица и сендвичи.

Состојки:

8 кришки леб 100гр кашкавал 200гр шунка или печеница оригано 8 лажици кечап масло за подмачкување

Подготовка:

Изрендајте го сирењето на големо ренде. Исечете го лебот на кришки, па наредете ги во претходно намастена тава. Секое парче премачкајте го со кечап, потоа ставете шунка или печеница одозгора, потоа сирење и оригано.

Ставете ја тавата во загреана рерна и печете на 180 степени 15 минути.

Послужете го топло.

 

Commenti


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page