
Вкусни и меки пирошки, идеални за појадок или вечера
СОСТОЈКИ:
200 гр пченкарно брашно 400 гр пченично брашно 1 дл млака вода 1,5 дл јогурт 1 лажичка шеќер 1 лажичка сол 1 ќесичка прашок за пециво 15 гр свеж квасец 150 гр сирење 2 јајца масло за пржење по потреба
ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги двата вида брашно, а потоа додадете прашок за пециво. Растворете го квасецот со шеќер во малку млака вода. Оставете да стаса, а потоа додадете јогурт, јајца и сирење. Измешајте сè заедно, па додадете ја смесата со брашно и измесете сè добро за да добиете мазно тесто.
Покријте го со крпа и оставете го да се удвои. Потоа истегнете го во правоаголна кора и пресечете ја на правоаголници со димензии 8 × 2 см.
Загрејте го маслото добро, а потоа спуштете ја секоја пирошка и добро пропржете од сите страни.
Ставете ги на кујнска хартија да се исцеди вишок маснотии, а потоа сервирајте.
Comments