top of page

Пилешко на кинески начин


За сите љубители на кинеската кујна овој рецепт е идеален за неделен ручек.

Потребни сосотјки:

половина главица зелка, исечкана на ленти 1 главица кромид, исечкан на полумесечинки 2 парчиња морков, изрендани 1 мала главица брокула, расцветана 1 мало парче ѓумбир, излупено и изрендано 1 парче пилешки гради, исечкано на долгнавести парчиња 300 г нудли (кинески тестенини), сварени 1 лажица масло од сусам 1 лажица соја сос 1 лажица ворчестер сос 2 лажици кечап 1 лажица шеќер

Подготовка:

– Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете го ѓумбирот да се пропржи многу кратко, 30 секунди.

– Потоа, ставете го пилешкото и пржете го околу 5-8 минути.

– За тоа време сварете ги нудлите.

– Потоа, додадете ги зелката, морковот, брокулата, ставете малку вода и динстајте додека да омекнат сите зеленчуци. Повремено мешајте.

– Кога зеленчукот ќе биде мек, додадете ги нудлите и соја сосот, маслото од сусам, ворчестер сосот и зачинете со бибер и шеќер.

– Измешајте убаво и оставете малку да се спојат сите состојки.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page